Одбележан Меѓународниот ден во спомен на жртвите на Холокаустот

Одбележан-Меѓународниот-ден-во-спомен-на-жртвите-на-Холокаустот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Со традиционален пригоден настан во Министерството за надворешни работи беше одбележан 27-ми Јануари – Меѓународниот ден во спомен на жртвите на Холокаустот.

На настан воведно обраќање имаа државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, амбасадорката на Државата Израел, Симона Франкел, амбасадорката на Република Хрватска во својство на претседавач со IHRA, Нивес Тигањ и заменик-претседателката на Еврејската заедница во Северна Македонија, Радојка Хелман Денковска.

Во присуство на претставници на дипломатскиот кор, настанот се заокружи со панел дискусија на тема: Едукација на младите за Холокаустот, меѓу студенти и универзитетскиот професор, Мишо Докмановиќ и Маја Суша, од Институтот за духовно и културно наследство на Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK