Обвинителството и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи ги разгледаа можностите за соработка и координација

436526966_3333063973653146_6705249202120593603_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Јавниот обвинител, Љупчо Коцевски денеска оствари средба со истражители од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, предводени од претседателот на ова тело, Зоран Илиевски.

На средбата беа разгледани можностите за соработка и идна координација меѓу двете институции во постапувањето по несреќите и сериозните инциденти кои можат да ја загрозат безбедноста на воздушниот сообраќај.

Во таа насока беше договорено да отпочне постапката за усогласување и потпишување на меморандум меѓу Јавното обвинителство и Комитетот со кој ваквата соработка и начинот на постапување во иднина дополнително ќе се унапредат, информираа од Јавното Обвинителство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK