ДУИ: Не постои вага што може да го измери развојот на државата со политиките на Ахмети

ahmeti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Демократската унија за интеграција реагира на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Крушево дека неговата задача и цел е да ги испрати Али Ахмет и ДУИ во политичка пензија.

„Го потсетуваме Мицкоски и неговите проруски телали дека кариерата и политичката активност на г-дин Али Ахмети е повеќе од историја, повеќе од Влада и повеќе од власт“, велат од ДУИ.

Како што додаваат, од денот на основањето на ДУИ, Ахмети нема изгубено ниту едни избори и така ќе биде се додека Мицкоски, како што велат, не им се придружи на пензионерите, и во СДСМ и во ВМРО, кои своевремено сакаа уривање на ДУИ и на лидерот на Албанците, Али Ахмети.

„Мицкоски знае дека во Северна Македонија не постои вага која може да ја измери работата, развојот и трансформацијата на државата со реформистичките проевропски политики на ДУИ и г-дин Али Ахмети“, се вели во реакцијата.

Од тука се уверени дека граѓаните на 24 април и 8 мај ќе ја заверат победата на ДУИ и Европскиот фронт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK