Обвинителите се сретнаа со семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“


protest-za-kocani-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавниот обвинител и тимот обвинители кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се сретнаа со семејствата на жртвите oд трагедијата.


Од Обвинителството по средбата соопштија дека семејствата биле информирани за досегашниот тек на истражната постапка.

„Одговарајќи на сите поставени прашања и дилеми на блиските на починатите, обвинителите ги уверија дека истрагата е сеопфатна и се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот настан“, велат од Обвинителството.

На семејствата им била најавена и динамиката на претстојни распити на оштетените како следна фаза од истражниот процес.

Истовремено, биле запознаени со јавниот повик до граѓаните кои имаат сведоштва за пожарот и докази за работењето на „Пулс“ да ги споделат со истрагата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK