Новиот клинички центар сѐ уште е планиран кај „Борис Трајковски“, Владата преговара за земјиштето


mickoski-kosta-pres.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изградбата на нов клинички центар во Скопје и понатаму се планира во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а Владата веќе преговара со сопственикот на земјиштето за обезбедување на локацијата, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.


Според владиниот план, новиот здравствен комплекс треба да биде поврзан со ГОБ „8 Септември“ преку подземен тунел, со што на едно место би се интегрирале повеќе здравствени установи, меѓу кои и ПЕТ-центарот и Поликлиниката „Букурешт“.

Мицкоски рече дека парцелата на предвидената локација е во приватна сопственост и дека во тек се разговори за размена на земјиште. Тој оцени дека досегашниот тек на преговорите е задоволителен.

Премиерот повторно ја посочи локацијата кај болницата „8 Септември“ како најсоодветна за изградба на нов клинички центар, наведувајќи дека добрата сообраќајна поврзаност е една од нејзините главни предности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK