„Нов медицински факултет во Штип и изградба на студентски дом со најмалку 200 легла се дел од договорот со Велика Британија“, најави ВМРО-ДПМНЕ


Stip.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Владата на 22 мај четврток ќе го потпише договорот со владата на Обединетото Кралство, договор кој што става на располагање најмногу средства до сега, 6 милијарди евра. Со договорот Македонија влегува во партнерство со клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на владата и позицијата на Македонија како прозападно ориентирана држава и како држава која што ги почитува евроатланските вредности“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.


„Во делот на образованието, во првиот бран, веќе има два проекти, тоа е изградба на нов медицински факултет во Штип и вториот проект е изградба на студентски дом во поддршка на факултетот со најмалку 200 легла.

Веќе се договорени два типа на проекти за работа. Едниот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата која што е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија.

Во делот на здравството, конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово.

Договорот носи проекти и од енергетиката, проекти од транспортот, проекти од медицината, здравството и дигитализацијата“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK