Ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство за нов претседател на Уставен, седницата продолжува в понеделник

Уставен-привремено-ја-стопра-ислатата-на-30-отсто-повисоки-плати.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денеска продолжи постапката за избор на нов претседател на Уставниот суд. Во два наврати судиите гласаа за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство, известуваат од Уставниот суд.

Со согласност на сите судии беше договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни, се додава во соопштението на судот.

Мандатот на претседателката Добрила Кацарска истекува на 2 јуни 2024 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK