Началникот на штабот на ВК на сојузничките сили на НАТО за Европа во посета на Македонија

armija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Началникот на штабот на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО за операции, адмирал Јоаким Риле, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Армијата на Република Северна Македонија.







Адмиралот Риле денеска во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе оствари средби со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Како што информираат од Генералштабот на АРМ, главни теми на состаноците ќе бидат придонесот на земјава во операциите на НАТО, oбуката и вежбите, како и развојот на капацитетите на армискиот полигон „Криволак“ и опремувањето на Армијата.

За време на престојот, адмиралот Риле ќе ја посети и Командата за операции и сквадронот за обука и тренинг на пилоти во состав на воздухопловниот ВИНГ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK