МЖСПП го почна проектот за спроведување на законодавството за управување со отпад

otpad
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска го почна проектот „Поддршка во спроведувањето на законодавството за управување со отпад и шемата за проширена одговорност на производителот“ финансиран од ЕУ, a партнери се Унгарија и Австрија. Со проектот се дохармонизира домашното законодавство во делот на проширената одговорност со она на Европската унија.







Шефот за соработка во Делегацијата на ЕУ Стефан Худолин истакна дека на земјава ќе и се помогне со еден милион евра за поголема подготвеност во делот на законодавството и хармонизација на законите за отпад и рециклажа. Худолин посочи дека ЕУ во минатото, заедно со земјите членки, мобилизирале значајни фондови за животната средина и за отпадот, но, како што посочи, има заостанување кога станува збор за имплементацијата и упати повик до институциите за што побрзо спроведување на овој проект на терен.

– Ова е за зголемување на одговорноста на производителите и справување со отпадот од каде што се произведува, но пред се успешноста во справувањето со отпад во оваа земја зависи од имплементацијата на законите и како тоа ќе се проследи од страна на надлежните, рече Худолин.

Министерката за животна средина Каја Шукова, во изјава за медиумите, истакна дека продолжувањето на хармонизацијата на домашното законодавство со она од Европската унија со помош на средства од ЕУ, е значително за земјава.

– Тоа што е битно е дека го дохармонизираме законодавството во делот на проширената одговорност каде што имаме сериозни партнери кои треба сериозно да работат во делот на намалување на количините на отпад коишто финално ги депонираме и се согласно принципите на циркуларната економија, истакна Шукова.

Во однос на информациите што се појавија во медиумите дека се гради пристаниште на албанската страна на Охридското Езеро, министерката Шукова рече дека не станува збор за такво нешто, туку се работи на расчистување на теренот. Според Шукова, нема реакција од УНЕСКО дека воопшто се гради таков објект.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK