МВР со детали за смртта на пратеникот од СДСМ: паднал од викендичката на Осогово и загинал

pratenik-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полицијата објави детали за несреќата во која вчера животот го загуби пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Андонов.

Според информациите од МВР, тој загинал на лице место при пад од кровот на својата викенд куќа на планината Осогово, каде што извршувал градежен зафат.

Лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Андонов беше дипломиран економист, а во три мандати, во периодот од 2008 до 2016 година беше дел од пратеничката група на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK