(Видео) Мециновиќ од Левица: Идеолошки залутаните бранковисти од ЗНАМ поддржуваат десничарска влада

mecinovic.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На собраниската Седница за избор на нова Влада, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, реплицираше кон ЗНАМ, ставајќи акцент на тоа дека ,,идеолошки залутаните бранковисти, поддржуваат десничарска влада”.

„Вашето движење ЗНАМ е едно обично десничарско движење кое ќе учествува во десничарска влада! Спомнувате и велите дека се декларирате како левичар, вие рековте дека ќе бидете горди што на Балканот Македонија ќе ги има најниските даноци! Ве молам, вратете се и кажете каде ви е овде логиката? Каде ви е идеолошката матрица? Кои се позициите на кои застанувате? – обраќајќи се кон ЗНАМ“, потенцираше во својата реплика пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ.

Мециновиќ ja коемнтираше и Програмата на новата Влада.

„Ова мене не ме изненадува – вашата изборна програма која е на пет страници. ,,ChatGPT” може да напише изборно посодржајна програма. Економски мерки имате три, од кои една е економски одржлива економија. Еве, ние сме за економски неодржлива економија! Не ви ги разбирам аргументите! Аргументите ги немате затоа и поддржувате десничарска Влада“, појасни Мециновиќ.

Мециновиќ поентираше дека единствена политичка партија која ќе се спротивстави на десничарската ДПМНЕ е Политичката партија Левица.

„Само автентична Левица, која сега е претставена преку нашата пратеничка група, може да се спротистави на десничарските баханалии, што ги спрема ДПМНЕ, со нивната Влада во наредните четири години“, рече Мециновиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK