Премиерот, Христијан Мицкоски, најави дека по 17 јуни, кога е роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се разговара за реконструкција на Владата. Тој истакна дека повеќе ќе се задржи на содржината отколку на големината на реконструкцијата.
„Не би навлегувале во големината, повеќе би се посветил на содржината на реконструкцијата. Сега сме посветени на роденденот на партијата што ќе се случи во среда, 17 јуни, на градскиот стадион во Струмица, и веќе следиот ден ќе почнеме со владините партнери да работиме на реконструкцијата, но повеќе ќе се задржам на содржината отколку на реконструкцијата“, одговори Мицкоски на новинарско прашање по отворањето на фабриката Brainchild во индустриската зона Жабени, Битола.
Тој ги повика новинарите да бидат трпеливи и дека наскоро ќе бидат објавени детали.
„Бидете трпеливи, денови се во прашање, да ги почнеме разговорите па ќе зборуваме повеќе детали“, рече Мицкоски.