Мицкоски: Лога ја урна довербата во судството, а следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја зголеми

mickoski-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање поврзано со изјавата на Кренар Лога дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот Совет е лош, посочи дека таа реформа беше поддржано од половина милион граѓани.

-Што се однесува до самата реформа ние излеговме пред граѓаните, добивме половина милион гласа, објавивме фронт и борба против криминалот и корупцијата и една од мерките беше таа која што јавно ја зборувавме. Јас на секој настан, на секоја средба со граѓаните јавно го зборував, рече Мицкоски и додаде:
-Господинот Кренар Лога имаше можност во својот мандат наместо да има судството доверба кај граѓаните 2,3,5 % да направи реформи и таа доверба да ја зголеми, за жал ја пропушти. Сега ќе дојде некој друг на негово место кој што се надевам дека ќе успее барем двоцифрена да ја направи, и тоа многу двоцифрена. За жал тој одлучи наместо да работи за граѓаните, плодна почва од каде што ќе се изнајдат кадрите во обвинителството посебно и судство да биде Зајас, мислам дека лоша локација на google maps нашол, требало да најде поинаква, а тоа е во канцеларијата на министерот за правда, со експертите да работи и да соработува#, рече тој.

Мицкоски порача дека треба да се почитува волјата на повеќе од половина милион граѓани кои на 8ми Мај јасно и недвосмислено ја дадоа за поддршката за овој тип на реформи и реформски процеси.

-Така што ве молам да ја почитуваме волјата на повеќе од половина милион граѓани, а сега како коалиција и повеќе 600.000 граѓани кои што не изборите на 8ми мај јасно, недвосмислено ја дадоа поддршката за овој тип на реформи и овој тип на реформски процеси“, додаде Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK