Маричиќ: Романија е регионален партнер на Северна Македонија во реализацијата на патот кон ЕУ

Маричиќ-Романија-е-регионален-партнер-на-Северна-Македонија-во-реализацијата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денес одржа средба со министерката за надворешни работи на Романија Луминица Одобеску која е во работна посета во Северна Македонија.


Фокусот на средбата беа билатералните односи, постојаната поддршка на Романија за европската интеграција на Северна Македонија и други актуелни случувања во земјата.

Маричиќ ја истакна важноста на пријателската соработка и долгогодишната поддршка од страна на Романија која и ја дава на Северна Македонија на патот кон ЕУ. Поддршката е фокусирана во соработката која се реализира во повеќе сфери, меѓу кои борбата со корупцијата, правосудството, сајбер безбедноста, внатрешните работи и цивилната заштита.

На состанокот Маричиќ рече дека Владата е цврсто детерминирана во процесот на евроинтергација на државата, а пријателските односи на Северна Македонија со Романија влијаат позитивно во рамки на остварување на нашата стратешка цел.

„Соработката помеѓу нашите држави е од исклучителна важност на патот кон ЕУ, а позитивните искуства и пракса на Романија во евроинтегративниот процес се добар пример за спроведувањето на реформите кај нас. Романија е наш клучен партнер од регионот на Југоисточна Европа, со градење добри релации во регионот се реализира успешната регионална соработка и стабилен Западен Балкан и Југоисточна Европа“, рече Маричиќ на средбата.

На состанокот се разговараше и за искуството на Романија на нивниот пат кон ЕУ, како и предизвиците од сличен карактер кои со решавање и пристапувањето во унијата биле надминати со што се достигнал значаен развој за државата, а граѓаните стекнале поголема доверба во системот заради успешната транзиција.

Министерката за надворешни работи Луминица Одобеску изјави дека Романија близок пријател на Северна Македонија истакнувајќи ја поддршката за нашето приклучување во ЕУ. Одобеску рече дека ова е суштински момент за Северна Македонија, потенцирајќи дека се свесни за предизвиците со кои се соочуваме, од искуството на Романија на европскиот пат.

На крај на состанокот соговорниците потенцираа дека граѓаните на Северна Македонија ќе добијат многу поголема доверба штом ќе се надминат предизвиците, а процесот на реформи да продолжи на патот до ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK