Прва безболна имплантација на заби во Клиника Жан Митрев

zan_mitrev_stomatologija_002
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Безболната имплантација е изведена во Центарот за стоматологија во Клиника Жан Митрев и е првпат да се примени безболен третман при ваков стоматолошки зафат. Имплантацијата на 6 заби на горната вилица беше направена на седиран пациент со интравенска потенцирана анестезија и тоа овозможи целиот зафат да биде направен во еден акт.

„Имплантацијата на заби е болен и процес што се одвива етапно заради подготвеноста на пациентот да ја поднесе оперативната траума. Анестезијата и седацијата што ја применуваме во нашиот центар за стоматологија овозможува пациентот да не почувствува нималку болка или нелагодност и целиот зафат да биде направен одеднаш, безболно, брзо и многу побезбедно за пациентот“, истакна д-р Александра Матева, специјалист по орална хирургија во Клиника Жан Митрев.



Зафатот беше направен со интердисциплинарен тим предводен од анестезиолог, а составен од стоматолози, радиолози и анестезиолози.

Заради безбедноста и безболноста на стоматолошките зафати, седацијата и анестезијата во стоматологијата е практика насекаде во светот. Кај нас за првпат почнува да се применува во Клиника Жан Митрев. Покрај апликацијата за оперативни стоматолошки зафати, анестезијата може да се примени и кај деца, за да се надмине траумата од забар и посебно кај пациенти со посебни состојби кои не смеат да бидат изложени на стрес, паника или траума.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK