Манолева: Велешката болница лани формираше Кабинет за дојка – установата зајакната со опрема, реализирани 63 вработувања

Zam.min-Manoleva-vo-Opsta-bolnica-veles-4.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска беше во работна посета на Општата болница Велес кадешто реализираше средба со менаџментот на установата во однос на реализираните активности во изминатите години.

Манолева, потенцираше дека велешката болница покажала како треба да работи една јавно-здравствена установа.

„Велешката болница во изминатите пет години инвестираше во нова опрема и кадар, како и во подобрување на инфраструктурата. За овие неколку години, се набавија фибер ендоскоп, апарат за анестезија, рентген апарат, видео колоноскоп, ултразвучен колор доплер апарат за кардиолошки прегледи, како и ултразвучен ехо апарат, колор доплер апарат за гинекологија и обстетриција. Исто така, установата се зајакна и со санитетско возило Фолксваген, респиратор, телескоп, уретро-реноскоп, батериски борер за одделот по урологија“, рече Манолева.

Во изјава за медиумите, таа информираше дека покрај обезбедувањето на опрема, основан е Кабинет за дојка, а кабинетот за компјутерска томографија започна со континуирана работа, кадешто пуштени се максимален број на прегледи со 24 часовна покриеност од докторите во Скопје.

„Тука, за првпат се воведе нова методија на одделот за ортопедија каде успешно се изведуваат ендопротетски операции. Како што ме информираше директорот, во план е воведување на очно одделение за операција на катаракта со ФАКО метода, како и отворање на ургентна единица каде ќе се згрижуваат сите пациенти на место. Реализирани се 63 вработувања на неопределено време со што се унапредија условите за третман на пациентите. Верувам дека со истото темпо продолжуваат и во следниот период, ја имаат поддршката од Министерството за здравство“, изјави Манолева.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK