Две лица загинаа во торнадото во САД, дел од домовите се срамнети со земја

tornado-sad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Две лица загинаа, а најмалку 39 се повредени во торнадо што ги погоди американските сојузни држави Индијана, Охајо и Арканзас, соопштија денеска официјални лица.

Шерифот на округот Логан, Охајо, Рандал Додс, објави за два смртни случаи во селото Лејквју, каде што торнадото погодило парк со мобилни куќи, пренесува „Ен-би-си њуз“.

Официјални лица во четвртокот изјавија дека полицијата помага во напорите за пребарување и спасување во Винчестер, Индијана, откако торнадо ја погоди државата,.

Началникот на полицијата на Индијана, Даг Картер, на прес-конференција рече дека некои домови во Винчестер се срамнети со земја.

Вчера беа пријавени осум торнада низ Охајо, Индијана и Тексас, од кои некои се проценува дека биле широки половина километар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK