Лукаревска со емотивна објава му го честиташе Орденот за заслуги на нејзиниот татко Ѓокица Лукаревски

Лукаревска-со-емотивна-објава-му-го-честиташе-Орденот-за-заслуги.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски синоќа на свечена церемонија во Филхармонија, ги одликува со Орден за заслуги актерите Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски и Рефет Абази, писателката Оливера Николова, музичарот Ристо Вртев и режисерот Слободан Унковски.


Неговата ќерка, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на својот фејсбук профил преку емотивна објава му го честиташе орденот на нејзиниот татко.

„Уметниците живеат со сето срце во своите гради. Живеат за аплауз, за уште една премиера, за уште еден лик, за уште една Партија реми. И со ништо и за ништо не би го замениле тој живот. Како што и тој за мене е единствен. Мојот татко, ваш Ѓокица Лукаревски. Честитам тато и им честитам на сите кои денеска беа одликувани од претседателот на државата, Стево Пендаровски. Добро е кога уметници добиваат ордени. Како ним најмногу да им прилегаат“, напиша Лукаревска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK