(Видео) Ковачки: ДУИ и Талат владеат, СДС е малцински партнер во сопствената влада со само пет министри

Видео-Ковачки-ДУИ-и-Талат-владеат-СДС-е-малцински-партнер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







СДС е малцински партнер во сопствената влада со само 5 министри, а ДУИ и Талат владеат, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски, додава тој, ја продаде СДС, за ден повеќе власт му слугува на ДУИ.

„Ковачевски си ги понижи сопствените пратеници, кои мораа да го гласаат командант Форина за премиер. Талат Џафери немаше да биде премиер без гласовите од СДС. За да владее ден повеќе Ковачевски ја предаде владата на дезертерот Џафери.

Една година Ковачевски даде се што можеше да се даде, од милионски тендери на партискиот донатор на ДУИ, Еуровиа, преку одмолчување за купувањето на Соравија до преземањето на хотели на Попова Шапка.

Од вчера Ковачевски ја предаде и онаа малку моќ на политичко одлучување кое го имаше. СДС повеќе за ништо не се прашува. Главни се криминалците од ДУИ“, оценува Ковачки.

Според него, дури и таму каде што СДС има министри како во Министерството за транспорт и врски не одлучуваат тие, туку ДУИ и Артан Груби, кој се само назначи за координатор за изградба на Коридорите.

Ковачевски, како што вели, свесно се понижи и себе и партијата, но пред се државата.

„СДС ја уништува Македонија, немаме веќе држава.

Ковачевски е човекот кој ќе треба да го стави клучот на вратата во СДС вечерта на 8-ми мај“, потенцира Ковачки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK