Левица бара подигање споменик на загинатите во терористичкиот напад во Диво Насеље

divo-naselje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 9-ти и 10-ти мај 2015 година во кумановската населба „Диво Насеље“ се случи терористичкиот напад, во кој осум припадници на полициските сили ги загубија своите животи.

Денес, кога навршуваат осум години од овој настан, на Седницата на Советот во Општина Куманово, од страна на Советникот од Левица – Никола Лазаровски беше поднесена иницијатива за издигање споменик во чест на осумте загинати припадници на специјалните полициски сили.


Воедно, ја осудуваме иницијативата на Министерот за Правда Кренар Лога осудените терористи да бидат екстрадирани во косовските затвори и истата ја оценуваме како омаловажува припадниците на МВР, подгазување на жртвата дадена од полицајците и охрабрување на тероризмот во Македонија!

Искрено се надеваме дека оваа иницијатива ќе биде прифатена и од останатите советнички групи и политички партии и потсетуваме дека во престрелките животот го загубија: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK