Средба Лога, Саити и Деваја: Итни законски интервенции во Законот за Судски совет

sredba
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Итни законски интервенции во Законот за Судски совет и потребата од воспоставување на видливи и ефикасни механизми за утврдување на евентуална одговорност, односно отповикување на членовите на Судскиот совет, притоа промовирајќи ги механизмите на судска саморегулација преку зголемување на улогата на Здружението на судии, е заедничката заложба на министерот за правда Кренар Лога, претседателот на Здружението на судии Џемаили Саити и претседателот на Советодавното тело за судиска етика Шпенд Деваја. Ова е констатирано на денешната работна средба на која соговорниците разговараа за состојбите во судството и актуелните случувања во Судскиот совет.







– Саити го информираше Лога за тековните активности на Здружението на судии во однос на статусните прашања на судиите, независноста и самостојноста на судскиот систем, како и ставот на Здружението за последните случувања во контекст на нарушената доверба и мерките кои се преземаат во насока на нејзино подобрување, соопштуваат од Министерството за правда.

Министерот Лога ги презентираше своите видувања во однос на овие и други прашања кои се однесуваат на ефикасноста и независноста на судскиот систем, притоа фокусирајќи се на новата Стратегија која е во изработка и прашањата кои се опфатени во неа.

– Министерот ја истакна потребата од зголемување на напорите на судиите во насока на придобивање на довербата на граѓаните и потребата од континуирана надградба на правната регулатива која би придонела кон евидентирање на евентуалните правни недоследности при постапувањето на судиите и судските органи, соопштуваат од Министерството за правда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK