Отворен повик за учество на 20. И 21.Биенале на македонската архитектура – БИМАС 2023

bimas
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ) го отвори повикот за учество на Биеналето на македонската архитектура. Имајќи ги предвид случувањата на глобално ниво во периодот од 2020 до денес и неможноста за организација на 20. Биенале во дадениот период, Управниот одбор на ААМ донесе одлука за интегрално одржување на 20. и на 21. издание на Биенале на македонската архитектура. Настанот ќе се одржи во период од 14 до 30 септември годинава во НУ „Национална галерија – Мала станица“ и во Музеј на современа уметност во Скопје, во чии рамки ќе бидат изложени проектни решенија и реализирани проекти во периодот од 2018 до 2020 година и од 2021 до 2023 година.







Право на учество во БИМАС 2023 имаат архитекти и правни лица‐компании, кои учествуваат со дела на архитекти, државјани на Република Северна Македонија. Вон конкуренција, можат да учествуваат и странски државјани, архитекти со соодветно образование, со дела проектирани и изведени на територијата на Република Северна Македонија, соопшти ААМ.

Рокот за пријавување на трудовите е до 07.06.2023 година. Сите заинтересирани за учество кои ги исполнуваат критериумите, може да добијат пријавен лист и упатство за подготовка на пријавата по електронска пошта: kontakt.aam@gmail.com или на www.facebook.com/arhitekti.mk.

Повеќе информации за повикот, процедурите и начинот на селекција на трудови, може да се најдат на: www.facebook.com/arhitekti.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK