Лафчиски на 19 Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Грција


bchod.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во период од 2 до 5 јуни 2026 година, во Солун, Република Грција, ќе учествува на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (BCHOD Conference), а ќе оствари и работна посета со командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување – Грција (NATO Rapid Deployable Corps – Greece, NRDC-GR).


На овогодишната конференција, која се одржува во период 2 до 4 јуни, на тема „Предизвици и иновации во цивилната заштита – прилагодување кон новите реалности на војувањето“, а чиј домаќин се Вооружените сили на Република Грција, ќе учествуваат началниците на Генералштабовите на земјите од Балканот. Во рамките на конференцијата ќе се дискутира за предизвиците поврзани со цивилната заштита, отпорноста на општествата, примената на нови технологии и иновации, како и за механизмите за регионална соработка во справувањето со кризи и вонредни состојби.

За време на работната средба на генералот Лафчиски со командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување – Грција, која ќе се реализира на 5 јуни, ќе се разговара за актуелните безбедносни прашања, соработката со командата на корпусот и можностите за понатамошно унапредување на меѓусебната соработка.

Учеството на генералот Лафчиски на оваа конференција претставува потврда за активната улога на нашата држава во регионалните безбедносни иницијативи и нејзината посветеност кон зајакнување на регионалната стабилност, соработката и меѓусебната доверба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK