Вратоврската е моден додаток позајмен од машката гардероба, но се носи според наши сопствени правила. Од деловни комбинации до вечерни излегувања, овој детаљ внесува доза на став во секој стајлинг.
Некогаш незаменлив елемент на строгите деловни кодекси на облекување – и првенствено поврзувана со машката мода – вратоврската минатата година се врати во модните трендови, но во сосема поинакво издание. Ослободувајќи се од својот формален карактер, таа стана неочекуван детаљ што на секојдневните комбинации им дава нота на бунтовност.
View this post on Instagram
Денес, таа се носи со кошули, обични маици и поло-маици, но и со многу поженствени парчиња, како што се корсетите. Токму тој контраст ја прави толку привлечна: еден навидум класичен додаток е доволен за да му даде посебен карактер дури и на наједноставниот стајлинг.
Тајната лежи во начинот на кој ја комбинирате. Откако беше омилен моден тренд минатата година, вратоврската повторно доаѓа во центарот на вниманието оваа есен. Единственото прашање е: како да ја носите, а да не изгледате како случајно да сте тргнале на деловен состанок?
View this post on Instagram
A post shared by Clé de Peau Beauté | クレ・ド・ポー ボーテ (@cledepeaubeaute)
Како да ја вклучите вратоврската во вашиот есенски стил?
Најсигурниот избор е класичната комбинација од кошула, вратоврска и добро скроен костум – панталони во комбинација со сако. Сепак, не мора да се држите до конвенционалните правила. Играјте си со боите и создадете интересен контраст помеѓу кошулата, костумот и вратоврската.
Можете да одберете три различни нијанси или да ја усогласите вратоврската со капутот, чантата или некој друг моден додаток. Ако претпочитате подискретен изглед, еднобојна вратоврска во комбинација со кошула и добро скроено сако е сè што ви треба за да оставите впечаток.
View this post on Instagram
Комбинирајте ја со поло-маица и фармерки за опуштен изглед.
Поло-маиците се хит парче оваа сезона и совршено одат во комбинација со вратоврска. Додајте фармерки или карго панталони за стајлинг што спојува лежерен и елегантен стил.
За уште повпечатлив ефект, одберете вратоврска што се издвојува од остатокот на облеката преку својата боја или дезен. Целта не е да изгледате како да носите униформа, туку да покажете дека сте си поиграле со модата.
View this post on Instagram
За preppy изглед, одберете мини здолниште и мокасини.
Ако ја сакате оваа естетика, вратоврската е совршен додаток за мини здолниште или краток фустан. Искомбинирајте ја со мокасини и видливи чорапи за да создадете изглед инспириран од училишните униформи – но со модерен, моден печат.
За понежен, женствен изглед, одберете потесна вратоврска, додека моделите со пруги или впечатливи дезени ќе додадат малку повеќе карактер.
Вратоврската може да биде и дел од вечерна комбинација.
Кој вели дека е резервирана само за во канцеларија? За вечерен излез, можете да ја носите како ѓердан – без кошула со јака – или да ја искомбинирате со сатенска или проѕирна блуза.
View this post on Instagram
Во комбинација со елегантни панталони, високи потпетици и впечатливи обетки, вратоврската станува детал што привлекува внимание, а бара сосема малку труд. А ако сте расположени за авантура, можете дури и да ја носите како шал или ремен.
Еден додаток, многу можности!
Не мора да го менувате целиот гардеробер за да го освежите својот стил. Понекогаш, доволен е само еден неочекуван детаљ за познатата комбинација да изгледа сосема поинаку.
Вратоврската е токму таков моден додаток: може да биде елегантна, опуштена, благо андрогена или целосно женствена – сè зависи од тоа како ќе ја носите.
Ако сакате да го испробате овој тренд без да потрошите многу пари, побарајте попристапни опции. Класичните пруги, еднобојните варијанти и интересните дезени лесно се вклопуваат во вашата постоечка гардероба, нудејќи многу простор за модни експерименти.