КСЗД ќе го презентира годишниот извештај за 2022 година

izveshtaj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, денеска со почеток во 10 часот, ќе одржи презентација на „Годишниот извештај за работата за 2022 година“.







Работните јазици на презентацијата која ќе се одржи во Хотелот Холидеј Ин, сала Милениум 2, ќе бидат македонски, албански и англиски со обезбеден симултан превод, а ќе биде обезбеден и знаковен превод.

Свои воведни обраќања на настанот ќе имаат претседателот на КСЗД, Исмаил Камбери, раководителот за соработка во Делегацијата на ЕУ во земјава, Штефан Худолин и директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, додека изјавите се предвидени пред почетокот на настанот, односно во 9:40.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK