Ковачевски: Со поддршка од Владата, салата „Партизан“ повторно кај граѓаните

Ковачевски-Со-поддршка-од-Владата-салата-„Партизан-повторно-кај-граѓаните.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и имаше обраќање на официјалното отворање на спортската сала „Наум Наумовски – Борче” во Општина Карпош, позната како сала „Партизан“.

„Денеска со гордост го најавувам отворањето на култната спортска сала „Наум Наумовски Борче“, попозната како сала „Партизан“ – спортската гордост на карпошани, која повторно ја заживуваме, во полн сјај. Oвде може да се кажат многу работи а и не мора бидејќи сите може да се уверите тоа на каков квалитетен начин оваа сала од една руина со децении денес е една од поубавите сали, не само во Скопје, туку и во државата“, рече премиерот Димитар Ковачевски.

„Тука би сакал да се заблагодарам, пред сè, на градоначалникот на Општина Карпош, но и на поранешниот градоначалник на Карпош, кој практично ја започна оваа идеја за реконструкција на салата, а сегашниот градоначалник успешно ја заврши заедно со Агенцијата за млади и спорт.

Благодарност и до Меѓународното здружение на граѓани Културно Ехо–Скопје, кои ја иницираа реконструкцијата на оваа спортска сала, кажав веќе Агенцијата за млади и спорт, нормално Министерството за финансии, секако администрацијата во Општина Карпош која ги обезбеди сите потребни услови за да може да биде извршена потребната реконструкција. Здружението на спортски ветерани и македонската спортска стрелачка федерација, да се заблагодарам и на француската амбасада во Скопје, секако и на изведувачот и надзорот кој работеа и кои што во рок до крајот на 2023 година ја завршија салата, а тоа е денес на само 2 дена пред 2024 година.

Благодарност и до архитектите кои го осмислија современиот изглед на салата и на сите други кои се заслужни за денешниот модерен лик на оваа сала, која од денеска ќе биде на располагање на сите љубители на спортот во Карпош и пошироко.

Спортската сала „Партизан“, беше донација на Франција по земјотресот и повеќе од 20 години претставуваше руина во овој дел од нашиот главен град.

Но, со заеднички напори успеавме да ја реновираме во целост, и нејзината надворешност, но и внатрешноста, за што беа издвоени над 1,1 милиони евра буџетски средства преку Агенцијата за млади и спорт“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK