„На европскиот состанок меѓу Заев, Ковачевски и Ахмети сигурно се зборело за исполнетите бенчмаркови при киднапирањето на државата од ДУИ и СДС, за сложената европска операција за делење на шамари при контрола на летови во М-НАВ што според оваа европска тројка би било опишано како за европско тепање, за корупциските скандали со европско знаменце во РЕК, за бизнисите на ЕВРОВИА, за милионите за Бехтел и Енка, за европската марихуана на струмичкото поле, за европскиот азил на Ден Дончев со полно туце пари, за непостоечките инвестиции, за пасошите за криминалци, за европските редици за вадење на лични документи за граѓаните и редица други ‘успеси’“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Не се сомневаме дека биле разменети искуства од казината, лотариите, стекнувањето на Соравија, европските практики на Кацарска во судството, на Филипче во здравството, во енергетиката, модуларната болница, се во функција на европската интеграција.
Колку повеќе ДУИ и СДС ја силуваат државата, толку погласно зборуваат за Европа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.