КБ Прво ја претвора дигиталната комуникација во конкретна грижа за животната средина


kb_penzisko_0002
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со нова акција за пошумување, КБ Прво пензиско друштво ја продолжува иницијативата што веќе шест години ги поврзува дигиталната комуникација со членовите и грижата за животната средина.

– Во рамки на иницијативата „Замени и засади“, КБ Прво пензиско друштво, заедно со своите партнери, засади 2.500 нови садници во Свети Николе. Во акцијата учествуваа 35 волонтери, кои придонесоа за пошумување на ерозивното подрачје во Овче Поле.


Акцијата е дел од иницијативата што КБ Прво ја започна во 2021 година, со цел да ги поттикне членовите да го заменат традиционалниот зелен плик со електронски годишен извештај за својата пензиска заштеда. За секој член што ќе избере електронско известување, Друштвото засадува по едно дрво, поврзувајќи ја дигитализацијата на услугите со конкретен придонес за животната средина.

„Управувањето со пензиски заштеди подразбира долгорочно размислување и одговорност кон иднината. На истиот принцип се темели и ‘Замени и засади’. Со една едноставна промена во начинот на информирање, нашите членови придонесуваат за намалување на употребата на хартија и создавање нови зелени површини. Особено нè радува што иницијативата прерасна во традиција што секоја година обединува сè повеќе луѓе и партнери“, велат од КБ Прво пензиско друштво.

Годинашното пошумување беше реализирано со поддршка на ЈП „Национални шуми“, а во акцијата партнерски се вклучија Комерцијална банка, ТТК Банка и Шпаркасе банка. Со новите 2.500 садници, КБ Прво го продолжува пошумувањето што во изминатите години го реализираше во Кочани, Берово, Кучково и Јасен, Козјак.

Покрај еколошкиот придонес, иницијативата има за цел да поттикне и поедноставна, побрза и подиректна комуникација со членовите. Со ажурирани контактни податоци и избор на електронско известување, членовите можат навремено да ги добиваат годишните информации за состојбата на својата пензиска заштеда, без потреба од хартиена достава.

Членовите можат да се вклучат во акцијата „Замени и засади“ така што ќе ги проверат и ажурираат своите контактни податоци преку веб-страницата на КБ Прво и ќе го пополнат соодветниот формулар за добивање на годишниот извештај по електронска пошта.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mkтел. 02/ 32 24 229

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK