Јакимовски побарал одлагање на затворската казна поради здравствени причини, се проверува медицинската документација


stevcho-jakimovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 

Одложен е почетокот на издржувањето на затворската казна на поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски.


Тој поднел барање за одлагање од 12 јуни, заради здравствени причини.

Судијата за извршување санкции по приемот на барањето, веднаш пристапил кон проверка на приложената медицинска документација. До двете приватни здравствени установи, кои ја издале документацијата поднесени се барања за проверка на 15 јуни како и ургенција на 26 јуни, и во моментот се чека нивен одговор, велат од Кривичен.

Согласно Законот за извршување санкции, судија за извршување на санкција има рок од 30 дена, од приемот на барањето, да ги провери наведените околности во барањето и да донесе одлука.

До донесување на одлуката почетокот на извршувањето на казната се одлага.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK