Легендата на Бразил удри по Анчелоти: Доста е, спакувај се и оди си


sao-paulo-brazil-2025-carlo-depositphotos_819080134_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Легендарниот Ромарио побара оставка од Карло Анчелоти, откако Бразил загуби од Јапонија (3:2) во пријателски натпревар.


На еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалот не му се допаѓа како италијанската икона ја води бразилската репрезентација.

„Анчелоти, доста е! Спакувај се и оди си! Врати се во клубовите каде што го изгради своето име, бидејќи нашата репрезентација повеќе не може да го издржи ова. Веќе толку многу се посрамотивме, не можеме да ризикуваме да пропуштиме уште едно Светско првенство“, објави „Мундо Депортиво“ коментарот на поранешниот напаѓач на Барселона.

Дон Карло беше исклучен од играта поради постојани протести до судијата за еден прекршок. Тој не мора да се грижи за својата иднина, договорот му гарантира соработка до мај 2030 година.

Јавноста во Бразил е разочарана од овогодинешното фијаско на Светското првенство, каде што петкратниот светски шампион веќе беше елиминиран во осминафиналето од Норвешка (2:1).

Анчелоти во својата богата кариера пет пати ја освои Лигата на шампионите и Европскиот Суперкуп, а е единствениот што може да се пофали со шампионски пехари во секоја од петте лиги. Тој предводеше гиганти како Реал Мадрид, Милан, Баерн, Челзи и Пари Сен Жермен, но досега не се снајде добро во репрезентативниот фудбал.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK