Грчката амбасадорка ја напушти собраниската сала во знак на протест на инаугурацијата на Силјановска-Давкова

sofija-filipidu.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Грчката амбасадорка во земјава – Софија Филипиду, ја напушти собраниската сала за време на инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на државата.

Информацијата што подоцна беше потврдена, прв ја сподели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на социјалните мрежи.

„Грчката амбасадорка Филипиду, демонстративно ја напушти собраниската ложа, заради употребата на терминот Македонија при положувањето на заклетвата од новата Претседателката Силјаноска Давкова“, напиша Милошоски.

Силјановска Давкова претпаднево во Собранието даде свечена заклетва дека дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, дека ќе ги почитува Уставот и законите и дека ќе ги штити независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, без притоа, да употреби „Северна“ во името на државата.

Повторувајќи по претседателот на Собранието, Јован Митрески кој го користеше уставното име на земјата Република Северна Македонија, Силјановска-Давкова употребуваше само Македонија.

Давкова по заклетвата се обрати пред пратениците, а говорот во најголем дел им го посвети на жените.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK