„Имало директива од грчкото МНР“, пишува грчкиот весник „Катимерини“ за протестот на амбасадорката по заклетвата на Силјановска

grchki-mediumi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за положување заклетва на Гордана Силијановска, си замина во знак на протест . Забележано е дека имало релевантна директива од грчкото Министерство за надворешни работи, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Весникот натаму додава: „Петседателката на Северна Македонија, Гордана Силијановска напладне положи заклетва на посебна седница на Собранието. Силијановска, за време на заклетвата, државата ја нарече „Македонија“, и покрај тоа што во текстот на заклетвата, кој го кажа претседателот на Собранието во заминување, Јован Митрески, а Силјановска требаше да повтори, земјата беше наречена ‘Северна Македонија’“.

„Катимерини“ потсетува и на вчерашната изјава на грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис за Преспанскиот договор.

„Со загриженост гледам дел од изјавите на функционерите на ВМРО и ќе го чекам официјалниот за името на државата. Јас лично не се согласував со Договорот од Преспа. Но, го прифатив во контекст на континуитетот на државата и сфатив дека, и покрај моето несогласување, морам да го почитувам. Сакам да се надевам дека она што се слушаше пред изборите нема да се слушне по изборите. Ако тоа се случи, ќе имаме проблеми “, рече Мицотакис.

Весникот пишува и дека на денешната церемонија не присуствувале лидерите на соседните земји, Бугарија, Србија и Албанија , за разлика од последната церемонија каде присутен бил и бугарскиот претседател Румен Радев, а земјите наводно тврдат дека не ги добиле поканите навремено.

И грчката „Прототема“ пишува за инаугурацијата и протестот на грчката амбасадорка, со коментар дека е прекршен договорот од Преспа.

„Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду ,која беше поканета на седницата на Собранието за положување заклетва на Гордана Силијановска, си замина во знак на протест поради тоа што таа за време на нејзиното полагање заклетва го прекрши Договорот од Преспа“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK