Гаши и Мицкоски го прекршија Деловникот и несериозно доставија измени на законот за реорганизација синоќа во 23 часот, обвини Мециновиќ

Screenshot_7-6-2024_114634_www.facebook.com_.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Пред почетокот на денешната седница на која ќе се расправа за прелог законот кој предвидува реорганизација на владините институции, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, ги обвини претседателот на Собранието Африм Гаши и мандатарот Христијан Мицкоски дека го прекршиле Деловникот и покажале несериозност оти доцна синоќа испратиле измени во текстот на законот. Мециновиќ потсети дека шестемина пратеници од Левица ќе дадат поддршка на овој закон само доколку итно се донесат измени со кои ќе се воведе една изборна единица.

„Претседателот и мандаторот за состав на новата влада, кој во ова својство се јавува како предлагач на овие измени, не го испочитуваа Деловникот и спротивно на праксата за добро работење на Собранието, синоќа во 11 часот навечер доставија измени во текстот на законот за организација и работа на државната управа. Покрај прекршување на Деловникот, ова покажува и несериозност за вака обемна материја, но е во директна корелација со тоа што ние го изнесовме како став кога текстот првично се достави до пратениците. Тоа е дека нашата поддршка за оваа реорганизација ќе се поврзе со тоа дека за ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството денес да ја добие нашата поддршка и нашите шест гласови, бараме итно и веднаш да се донесат измени со кои би се вовела една изборна единица“, рече Мециновиќ.

За разлика од законот со кој се предвидува реорганизација на владините институции, Мециновиќ вели дека законот со кој би се вовела една изборна единица не е сложен и обемен. За него веќе е дискутирано и во јавноста и меѓу партиите, а воведување една изборна единица со години е препоркаа и од мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Мециновиќ рече дека за условот за нивна поддршка на законот за реорганизација на владините институции известиле и преку каналите за комуникација меѓу партиите и преку медиумите, но се уште не добиле повратен одговор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK