(Фото/видео) Опожарени дипломатски возила кај амбасадата на Бугарија во Скопје, Владата со осуда


ambasada-bugarija-vozila.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две возила со дипломатски статус се опожарени пред бугарската амбасада во Скопје. Од Владата го осудија овој, како што велат, вандалски чин и испратија порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран


„Владата најостро го осудува вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава. Надлежните институции веќе преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите. Како Влада сакаме да испратиме јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран“, велат од Владата.

Од таму додаваат дека државата има капацитет и ќе одговори со целосна сила на институциите и нема да дозволи поединци да ја нарушуваат репутацијата на Македонија.

„Очекуваме брза и ефикасна истрага, целосно расветлување на настанот и соодветна кривична одговорност за сторителите. Владата останува цврсто посветена на заштитата на сите граѓани и дипломатски мисии во земјата и на зачувувањето на стабилноста, безбедноста и добрососедските односи“, велат од Владата.

Бгнес претходно објави видео и фотографии од возилата. Бугарската агенција објави дека непознато лице запалило автомобили кај бугарската амбасада во центарот на Скопјe. Според првичните информации, лицето запалило автомобил „Сузуки витара“, по што пожарот се проширил на втор автомобил паркиран во близина.

По инцидентот, сторителот избегал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK