ДПМНЕ и ВРЕДИ однапред си договориле директор на Филхармонија, велат од Левица


Oркестарот-на-Македонската-филхармонија-ќе-одржи-концерт-во-рамки-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Името на Мустафа Имери, близок пријател на Изет Меџити, сè почесто се споменува како сигурен иден директор на Македонската филхармонија, иако конкурсот сè уште трае. Вработените во институцијата деновиве бурно реагираат со отворено писмо до премиерот Мицкоски и министерот за култура Љутков, оценувајќи дека процесот е компромитиран, реагираат од Левица.


Потсетуваат дека Изет Меџити „уште во јуни јавно објави дека коалицијата ВРЕДИ ја ‘добила’ Филхармонија и дека Мустафа Имери ќе биде првиот Албанец што ќе раководи со неа.

Ваквата, како што велат, скандалозна изјава ја потврдува бруталната партизација која ја продолжува новата власт и дека единствено партиските заслуги (наместо компетентноста) се критериум за поставување директори.

Според правилата, како што оценуваат во Левица, директорот на Филхармонија треба да има најмалку пет години работно искуство во културата, да биде истакнат културен работник со докажани референци, да приложи четиригодишна развојна програма и да поседува меѓународен сертификат за англиски јазик (B2).

Левица јавно го прашува министерот Љутков: Дали посочениот Имери ги исполнува овие критериуми или неговото учество на Нота Фест ќе му биде доволна препорака?

„Ова не е прв скандал во културата на новата власт. Потсетуваме дека веднаш после преземањето на власта, инстантно доби вработување и сестрата на министерот Љутков. Сите предизборни ветувања на Мицкоски за кадровски стручни решенија, полека паѓаат во вода. Заткулисните предизборни договори со ВРЕДИ, сепак надвладуваат“, нагласуваат од Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK