Директорот на Бирото за јавна безбедност се сретна со делегација на романската полиција: потенцирано успешното справување на македонската полиција со предизвиците со мигрантите

saso-tasevski-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски оствари работна средба со делегација на романската полиција, предводена од генералниот инспектор Беноне Мариан Матеи и полициското аташе Мариус Иоргулеску. На средбата беше потенцирана успешната соработка на двете полиции, при што беа разгледани можностите за продлабочување на истата, како и отворање нови начини на комуникација.

Од страна на генералниот инспектор Матеи беше потенцирано успешното справување на македонската полиција со секојдневните предизвици поврзани со миграцијата, посочувајќи дека искуствата стекнати во изминатите години треба да бидат ценети од сите во Европската унија, при што искажа уверување дека овие искуства може да бидат споделени со полициските службеници во Романија. Воедно генералниот инспектор Матеи го покани директорот на Бирото за јавна безбедност Тасевски, да оствари посета на Романија со цел утврдување на темите од заеднички интерес.

Директорот Тасевски изрази подготвеност за споделување на искуствата кои граничната полиција ги има стекнато, соработката меѓу македонската и романската полиција да се одржува на високо ниво и констатираше дека новите форми на криминал бараат континуирана соработка заснована на меѓусебна доверба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK