Директорите на ФЗОРСМ остварија средба со претставници на ССМ и УПОЗ

Screenshot-2024-07-09-165342.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Двајцата в.д директори на ФЗОРСМ, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов денеска остварија средба со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ и Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ, како и со Бојан Трипуновски, генерален секретар на УПОЗ, и Зоран Печевски, претседател на синдикатот на ФЗОРСМ.

На средбата беше истакната важноста на социјалниот дијалог, како и Колективниот договор и проблемите во неговото спроведување.

Во непосредно минато ФЗОРСМ се соочи со штрајк поради нерешавање на наталожените проблеми.

Раководството на ФЗОРСМ е посветено на социјалниот дијалог и дава целосна поддршка во исполнување на колективните договори. Подобри услови за работа се важен дел во подобрување на здравствените услуги, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK