Беќаровски обвинуван за навреди на национална основа, докторот најави тужба и тврди дека објавената изјава е лажна

bekarovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министесртвото за здравство упати обвинувања за докторот од Токсикологија, Нико Беќаровски дека ги навредувал Албанците на национална основа. Изјавата е објавена на страна на Министерството. Ова се случува во екот на тензиите помеѓу министерот во заминување Илир Демири и вработените од Клиниката за токсикологија кои ја обвинуваат економската директорка за нестручно работење, но Демири упорно не ја разрешува.







 

Беќаровски по изнесеното на сајтот најави дека ќе следи тужба и истакна дека објавата е базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име. Во писмо до Демири, познатиот доктор вели дека нанесена му е штета на угледот.

„Инпутирање на било какви национални навреди е најблаго речено дегутантно. И јас, впрочем како и Вие, секогаш сум бил исклучиво поборник за максимален професионализам, базиран на квалитет и мерит систем, без никакви други предрасуди. Најколегијално, Ве замолувам во следните 24 часа јавно да се оградите од оваа несреќна објава на сајтот и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед. Воедно Ве поканувам во текот на идната недела да ја посетите УК токсикологија и да остварите состанок со Стручниот колегиум на Клиниката, за заедно да ги продискутираме наталожените проблеми кои сериозно влијаат на квалитетот на здравствените услуги. Со должна почит и колегијален поздрав“, се вели во коментарот на Беќаровски упатен до министерот Демири.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK