Намирници кои можете да ги јадете без грижа на совест

namirnici
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со добар избор на храна, можете да јадете нешто без чувство на вина и да останете витки, но само ако знаете како да ги планирате вашите оброци.







Храна што можете да ја јадете без да имате грижа на совест:

Пуканки
Сите ние треба да јадеме храна богата со растителни влакна, кои не само што даваат енергија, туку се и намирници за кои е потребно долго време да се вари.

Благодарение на ова, ќе бидете посити подолго време со помалку калории. Најдобрите примери за храна богата со растителни влакна се цели зрна, зеленчук и овошје.

Таа листа вклучува и пуканки богати со влакна, нискокалорична закуска полна со цели зрна. Околу една шолја пуканки има само околу 30 калории.

Едамам – зелена соја
За разлика од другите производи од соја, едамам не е засладена и е здрава, природна закуска.

Студијата од 2009 година покажа дека едамам ја зголемува ситоста, а исто така му дава на телото протеини и влакна, кои не одржуваат сити подолго време. Се што ви треба е малку сол.

Супа
Супата дефинитивно може да ви помогне да се чувствувате сити. Супите се совршен пример, покажува истражувањето објавено во магазинот „Apetit“, кое заклучило дека супите се позаситувачки од цврстите оброци. Учесниците кои јаделе супа конзумирале 20 отсто помалку калории до крајот на денот.

Јаболка и банани
Закуски се одличен начин да ја зголемите вашата енергија за време на попладневниот пад, но важно е да знаете кои од нив се најдобро да ги јадете. Храната како јаболка или банани е полна со влакна и калиум.

Овесна каша
Ако следите разни нутриционисти на социјалните мрежи, ќе забележите дека многу од нив уживаат во овесната каша. Овесот е идеален за слабеење бидејќи содржи цели зрна и голема количина влакна.

Мешавина од јаткасти плодови
Комбинирајте јаткасти плодови, суво овошје и слатки како темно чоколадо. Ако стекнете навика да ја пронајдете вистинската мешавина, секој ден ќе имате одлична ужина за слабеење, особено затоа што ја намалува желбата за шеќер и сол.

Лута пиперка
Веројатно знаете дека зачинетата храна е потиснувач на апетитот, особено пиперките и точно е дека тие можат да помогнат во контролата на тежината. Според истражувачите, капсаицинот, состојката што ги прави лути пиперките, може да го забрза метаболизмот.

Сепак, лутите пиперки можат да помогнат во управувањето со тежината повеќе од губењето на тежината.

Јајца
Вистина е дека јајцата можат да го подигнат нивото на холестерол во телото, но можат да се вклопат и во здрава исхрана, а некои истражувања сугерираат дека можат да ни помогнат да изгубиме тежина.

Во 2008 година, една студија во International Journal of Obesity ги спореди јајцата и ѓевреките за појадок. Учесниците кои јаделе јајца се чувствувале посити во текот на денот и внесувале помалку калории.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK