Која светски позната актерка е на сликата?

selin_23432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фото: Инстаграм







Меријем Узерли или Хурем Султан како што сите ја знаеме деновиве на својот инстаграм профил ги израдува своите обожаватели со мал времеплов. Прекрасната актерка сподели серија свои фотографии од кога била преслатко бебе преку фото спомени од детството и почетокот на кариерата до денес. Во описот на постот стои Time Travel 🧭 🧳 #timemachine

39-годишната германско- турска актерка Мерјем Узерли која се прослави со улогата на Хурем Султан во серијата „Сулејман Величествениот“, по многу турбуленции конечно веќе неколку години живее идиличен живот и често на својот профил објаува фотографии од своето семејство особено двете ќерки со кои летото уживаше во Берлин.

За сите оние кои уживаат да ја гледаат Мерием е актуелна за македонската публика со улогата на Селин во прекрасната серија „Мирисот на љубовта“ секој ден во 18:20 на Dizi Macedonia.

Селин е девојка која живее во мало гратче во Франција, романтична, вљубена природата и животот. Заедно со мајка и во работилницата создаваат оригинални парфеми исонува да го создаде мирисот на љубовта, но свесна е дека тоа нема да се случи додека не се заљуби. Сонот и го доближува Картал, млад бизнисмен од Турција, пораснат како посвоен син на Азис Алкан, негова десна рака во бизнисот и животот воопшто; сопруг на неговата проблематична ќерка Есра. На едно службено патување во Франција, неговиот живот се претвора во бајка. Ја запознава Селин жената со најубава насмевка.

Дали љубовниот сон ќе се скрши или ќе оживее останува да видиме. Уживајте во епизодите на „Мирисот на љубовта“ секој работен ден од 18.20 на Дизи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK