Салата од лубеница, краставица, кромид и „фета“ сирење

hrana
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот летен хит – салата од лубеница, краставица, кромид и „фета“ сирење е идеален за освежување во текот на топлите месеци.







За овој рецепт потребни се: 50 милилитри маслиново масло, две лажички вински оцет, половина кафена лажичка сол, 400 грама лубеница, 150 гр. свежа краставица, половина глава црвен кромид, грст нане и 150 гр. од исечкано „фета“ сирење.

Подготовка: Лубеницата се чисти од семките и се сече на помали парчиња. Кромидот, исто така, се чисти, лупи и се ситни. И краставицата – излупена, се сечка на коцки. Некои тоа го претпочитаат во издлабената кора од лубеницата.

Во друг сад, се мешаат маслиново масло, оцет и сол. Се мешаат сите состојки освен нането во претходниот сад. Салатата се чува во фрижидер, а пред сервирање се посипува со нането.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tasty (@buzzfeedtasty)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK