Лекорни: Франција ослободува 10 милиони барели дизел од резервите


depositphotos_362407254_xl.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Франција ќе ослободи 10 милиони барели дизел од своите стратешки резерви за да влијае на цените на бензинот, за кои се очекува „автоматски да паднат“ за 12 до 18 центи по литар, изјави вечерва премиерот Себастијан Лекорни.


Ова соопштение следеше по договорот постигнат минатата недела од земјите од Г7 за ослободување на 100 милиони барели нафтени деривати од стратешките резерви во период од четири месеци.

Ова е мерка што ја спомена и Лекорни, покрај дипломатските напори на претседателот Емануел Макрон насочени кон обезбедување снабдување со гориво, објави парискиот весник „Монд“.

Владата ќе им стави на располагање на дистрибутерите во Франција 10 милиони барели дизел од нашите залихи, што е операција планирана за период од три месеци, рече Лекорни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK