Природен сок за прочистување на токсини од телото

sok-priroden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сокот од цвекло се користи како природен лек со децении, бидејќи е исклучително здрав вид зеленчук.  Содржи многу витамини и минерали, пред сè фосфор, калиум и сулфур, кои се важни за создавање на еритроцитите, а исто така содржи пигмент беталаин, кој има антиоксидантни и антиинфламаторни својства благодарение на кои се елиминираат слободните радикали од телото.







Сокот од цвекло го зголемува нивото на енергија,  го намалува високиот крвен притисок, го зголемува нивото на железо во крвта и ја подобрува циркулацијата, се бори со климактерични и менструални тегоби, ревматизам, но и му помага на телото подобро да се бори со инфекции.

Потребни состојки за правење на овој сок се:

– 2 цвекла
– 2 јаболка
– 2 моркови
– 1 лимон

Начин на подготовка:

Сите намирници прво треба да се излупат па потоа заедно се блендираат или се цедат во соковник. По желба како засладувач може да се додаде мед. Сокот е најдобро да се испие додека е свежо исцеден.

Предноста на сокот е што неговите хранливи состојки брзо стигнуваат до сите клетки во организмот за разлика од цврстата храна која најпрво треба да се свари во телото.

М.Кизова
Фото: pixabay

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK