Руски психолог открива што ги прави жените најпривлечни

zena
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најпознатиот руски психолог Михаил Лабковски ја добил својата популарност поради својата искреност и намерата да покаже дека животот може да биде прилично едноставен.







Според Лабковски, кај жените постои само еден квалитет кој за мажите е вреден, а тоа е самодовербата. Тој вели дека и покрај тоа што жените трошат драгоцено време обидувајќи се да го достигнат „идеалот“ на убавината и постојано да се средени, нашминкани и убаво облечени, сепак за мажите се најпривлечни жените кои ја знаат својата вредност.

Лабковски истакнува „Маж кој се почитува себе си не може да привлече девојка која нема самопочит“. Тој тврди дека девојките кои се фокусирани на тоа да бидат во чекор со трендовите и кои очајно сакаат да привлечат внимание кај спротивниот пол, никогаш нема да привлечат внимание од човек кој ќе ја вреднува нивната личност, бидејќи тие се жртвуваат себе си за да остават впечаток во околината, а барањето одобрување никогаш не носи среќа.

Тој истакнува дека жените до 40 години веќе се чувствуваат напнато и истрошено, бидејќи целата енергија ја трошат со тоа што се движат на погрешен пат и ставаат огромен фокус на кариерата и изгледот.

„За да бидете жена по која мажите се вртат мора прво да научите да се сакате сами себе, а потоа да чекате другите да ве сакаат и да се воодушевуваат. Ако навистина се сакате себе си, тогаш нема да ви биде важно дали ве сакаат другите“ – заклучува Лабковски

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK