Кралот Чарлс Трети одбележа уште еден јубилеј во своето владеење и оваа недела го откри својот прв официјален портрет по неговото крунисување минатата година, што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Сликата и нејзиниот изразен црвен тон брзо предизвика различни реакции на интернет, а самото видео од откривањето ги насмеа корисниците на мрежите.
King Charles just unveiled the first official portrait of himself since the coronation.
What the bloody hell is this? pic.twitter.com/nD2qKhDq22
— End Wokeness (@EndWokeness) May 14, 2024
„Жал ми е, но неговиот портрет изгледа како да е во пеколот“, гласи еден од низата слични коментари.
Се чинеше дека и самиот крал бил изненаден откако го видел портретот, а луѓето на мрежите се пошегувале дека е преплашен од сопствениот изглед на сликата.