Славески за Евровизија: Ова не е моја Европа, сатанистички пораки и перверзии, да не се повтори

Trajko-Sllaveski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Професорот Трајко Славески, кој е и претседател на Советот на Град Скопје, како и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката што Македонија не учествува на Евровизија.

– Ова не е мојата Европа! Беа вистинска сензација и заслужни победници пред точно 50 години. Подоцна, студирајќи економија, разбрав дека нивната екстравагантна облека, со третман на одбитна ставка во даночните закони, била со намена делумно да ги избегнат екстремно високите даночни стапки во родната им Шведска, порача тој за некогашните победници АББА.

Тој шосочи и дека самите Швајцарци се згорзени од својот претставник кој е овогодинешен победник.

– Што да кажеме за сатанистичките пораки и перверзии кои се чини дека достигнаа кулминација на овогодинешното издание на Евровизија? Било, да не се повтори! – коментира Славески.

Оваа година Швајцарија победи на Евровизија со одлука на стручни жирија од 37 земји кои годинава учествуваа на Евровизија.

Гледачите беа целосно изненадени од победата на Швајцарија, која имаше 15 отсто шанси за победа во однос на 50 отсто на Хрватска. Особено што во финалето влезе од само четвртото место во полуфиналето. Евровизиската заедница и обложувалниците претпоставуваа дека Израел ќе добие голем број поени од публиката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK