Што значи новата тетоважа на Анџелина Џоли?

andjelina-dzoli-vivien-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Холивудската актерка Анџелина Џоли позира со нејзината 15-годишна ќерка Вивиен на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Tony 2024“ , со кои се слават достигнувањата во американскиот театар.

Облечена во луксузна тиркизна тоалета од Версаче, Анџелина Џоли изгледаше како статуа на грчка божица. Тоалетот го стилизираше со соодветни златни прстени, тиркизни алки и голема сребрена нараквица од брендот „Алексис Битар“, пишува РТС.

Вивиен, една од близнаците што ги доби од бракот со Бред Пит, беше облечена во иста комбинација на бои – бела кошула и темно тиркизни панталони, елек и машна, а имаше и црни „конверс“ патики за да ја разбие монотонијата.

Големо внимание привлече новата тетоважа на ластовичка во лет, во средината на градите на популарната актерка. Овој мотив е многу популарен во салоните за тетоважи и ја симболизира слободата. Птицата во лет метафорично претставува стремеж кон повисоки цели и слобода на духот, но, како и секоја тетоважа, може да има и индивидуално значење. Многумина шпекулираат дека станува збор за слободата која ја доби по разводот со холивудската ѕвезда Бред Пит.

Сите погледи беа вперени кон мајката и ќерката во координирани комбинации токму поради драмата со Бред Пит. Вивиен, која исто така беше асистент во продукцијата на мјузиклот „The Outsiders“, кој го продуцираше нејзината мајка, неодамна го отфрли презимето на нејзиниот татко, Пит. Нивната прва биолошка ќерка Шајло го направила истото по нејзиниот 18-ти роденден.

Нивната посвоена ќерка Захара, исто така, се откажа од презимето на Бред минатиот ноември кога беше примена во колеџот „АКА“. Тогаш оваа 19-годишна студентка се претставила како Захара Марли Џоли.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK