Северина ги коментираше фотографиите на Констракта од концертот во Белград: „Би дошла, но границата“

Screenshot-2024-09-27-071721.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српската пејачка Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта неодамна одржа концерт во Сава центарот во Белград.



Констракта на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии и видеа, а во коментарите под една објава ја контактираше Северина.

„Јас би дошла, ама граница“, напиша сплитската пејачка осврнувајќи се на неодамнешниот инцидент кога беше приведена на српската граница.

Констракта и одговори: „Северина, доаѓам кај тебе, кажи им на граница“.

Во август, српската полиција ја задржа Северина на разговор додека ја преминувала границата поради „контроверзните изјави“ кои ги давала во јавноста.

По разговорот и е дозволен влез во Србија, но таа се врати во Хрватска. Северина подоцна изјави дека никогаш повеќе нема да дојде во Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK