Италијанските медиуми се полни со извештаи дека најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, и атрактивната манекенка со босанско потекло, Лаила Хасановиќ, ја прекинале својата врска.
Според италијанските медиуми, Јаник Синер и данската манекенка Лаила Хасановиќ наводно раскинале. Парот сè уште нема дадено изјава во врска со овие гласини, па така нема официјална потврда дека навистина дошло до разделба.
View this post on Instagram
Гласините започнаа откако фановите забележаа промена во однесувањето на парот на социјалните мрежи, како и неколку објави од страна на манекенката кои привлекоа внимание. Наводно, сè започнало по Вимблдон; оттогаш парот не е виден заедно во јавноста, што поттикна шпекулации дека тие повеќе не се заедно.
Понатаму, меѓусебната поддршка што претходно ја покажуваа еден кон друг онлајн – како што е лајкување на објавите – е прекината, што ги наведе фановите да веруваат дека врската е завршена.
View this post on Instagram
Некои дури сугерираат дека врската била само маркетиншки трик, иако ова остануваат само неосновани гласини.
Лаила Хасановиќ неодамна престојуваше во Лос Анџелес, каде што ги праша своите следбеници на Инстаграм дали треба да се пресели таму – детаљ кој дополнително ги подгреа гласините за раскинувањето.
View this post on Instagram
Таа исто така привлече внимание на TikTok, каде што сподели песна за Ноќта на вештерките, во чиј текст се спомнуваат маж и друга жена.
Некои од нејзините следбеници веруваат дека овие стихови се упатени кон Јаник Синер, поврзувајќи го наводното „раскинување“ токму со оваа ситуација. Таа, исто така, го прослави својот 26-ти роденден без присуство на најдобриот тенисер во светот.
View this post on Instagram
Лајла и Јаник официјално ја потврдија својата врска кон крајот на октомври 2025 година, кога тенисерот ја спомна за време на својот говор по освојувањето на турнирот во Виена.
Шпекулации за нивната врска постоеја и неколку месеци претходно, а иако италијанските медиуми известуваат дека таа е завршена, сè уште нема официјална потврда за тоа.