Обожавателка на Роби Вилијамс доживеа несреќа на концертот на пејачот: моменно е во кома, а состојбата ѝ е критична

Обожавателка-на-Роби-Вилијамс-доживеа-несреќа-на-концертот-на-пејачот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Концертот на Роби Вилијамс во Сиднеј го одбележа немил настан.

Имено, додека публиката ги пееше хитовите на познатиот пејач, една од обожавателите се обиде да прескокне неколку редови за да биде што поблиску до поп-ѕвездата.

Според првите информации, оваа 70-годишна жена се лизнала и паднала преку шест реда седишта на стадионот „Алијанц“.

Таа добила повреди на главата и лицето за време на инцидентот и итно била пренесена во болница во критична состојба.

Повредената обожавателка е во кома и ќе биде на интензивна нега, пишува „Дејли мејл“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK